Connect with us

Фудбал

„Марка“ ги одбра најдобрите 100 фудбалери во 2020-та, во ТОП 3 ги нема ниту Меси, ниту Роналдо…

Угледниот шпански весник „Марка“ ги одбра најдобрите 100 фудбалери за 2020 година. На оваа листа, која е долга, навистина се најдоа големи фудбалски имиња. Но, она што е интересно е тоа што во  Топ 5 ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо без кои со години не можеше да се замисли самиот врв на овие листи без разлика кој ги правеше. Годините веројатно го прават своето, па нивното време полека поминува.

Според „Марка“ Кристијано Роналдо го заслужува петото место на оваа листа, а Лионел Меси десетотот. Прв е Роберт Левандовски од Баерн Минхен, втор неговиот соиграч Кимих, трет е Мбапе, четврти Рамос.

Комплетната листа можете да ја видите ТУКА.