Фудбал
Марка: Ракитиќ синоќа со својата игра го загуби место во најголемиот натпревар во светот
Барселона по тешкото гостување во Неапол во првиот натпревар од осмото финале од Лигата на шампионите (1:1), го чека судир со најголемиот ривал во шпанското првенство. Барселона гостува во Мадрид во недела и ќе има шанса да да направи разлика од пет поени во однос на Реал Мадрид на 12 кола пред крајот.
Иван Ракитиќ доби шанса од првата минута синоќа, но покажа доста слаба игра и прв беше заменет во редовите на Барселона. Мадридска Марка е убедена дека по натпреварот со Наполи, репрезентативецот на Хрватска нема да добие шанса на најголемиот натпревар во светот.
„Ракитиќ на два натпревари против Еибар и Наполи доби шанса да игра од првата минута, но неговата игра во Италија веројатно значи дека нема да ја добие истата можност на „Сантијаго Бернабеу“. Артуро сега е повторно во предност над Ракитиќ, а на Каталонците ќе им треба поголема контрола на топката против Реал и играчи кои можат да ја завршат топката“, пишува Марка.
Проблемот за Барселона е малата повреда на Жрард Пике што го доведе неговиот настап во прашање. Ако тој не се опорави, од првата минута ќе играат Ленглет и Умтити. Можноста Реал да се врати на врвот на табелата, Марка ја гледа преку левата страна, каде Барселона значително е ослабена.
„Најголемата можност на Реал ќе биде левата страна на одбраната на Барселона. Случајно, поради повредите на Алба и Роберт, Фирпо ќе игра таму. Тој беше виновен за гол против Наполи, а поради него Барса можеше да прими уште еден гол. Реал ќе се обиде да дојде до гол по неговата страна затоа што таа е поранлива од онаа што ќе ја чува Нелсон Семедо“.