Фудбал
„Марка“: Реал бара замена за Рамос, тројца во игра!
Угледниот шпански весник „Марка“ објави дека неколку играчи се мета на Реал Мадрид и дека целта е да се „освежи“ стоперската позиција. Наводно идејата е да се најде замена за Серхио Рамос, бидејќи иако беше најавено дека ќе биде продолжен неговиот договор, сепак преговорите одат тешко.
Наводно опциите се Пау Торес од Виљареал, Давид Алаба од Баерн Минхен и Жил Кунде од Севиља.