Connect with us

Други спортови

Маркез ги искористи сите грешки на противниците

Шпанскиот возач Марк Маркез ја оствари својата трета последователна победа оваа сезона откако славеше денес во трката за Големата награда на Франција во Ле Манж.

Во денешната трка, на Маркез му се „наредија коцките“, бидејќи по лош старт падна на шеста позиција. Сепак, неговите конкуренти излетуваа од патеката еден по еден, и на крајот, возачот на Хонда успеа да стигне до првото место и третата последователна победа оваа сезона.

Најголемиот пех денес имаше Андреа Довициозо, кој е главниот конкурент на Маркез за титулата шампион во Мото ГП. Довициозо го имаше првото место на стартот на трката, но потоа направи неочекувана грешка по што излета од патеката и не се врати повеќе.

Исто така беше одличен и младиот Зарко Јохан кој вчера ја освои пол-позицијата. Тој имаше водство, одлично возеше, но само една грешка го чинеше многу, кога во осмиот круг излета од патеката.

Петручи заврши на второто место на денешната трка, додека легендата Валентино Роси, заврши на третата позиција.