Фудбал
Марота: Емре Џан? Мојата насмевка кажува сè
Спортскиот директорот на Јувентус, Бепе Марота е оптимист во врска со играчот од средниот ред Емре Џан, кој треба да дојде во Торино.
Јуве го игра последниот натпревар од сезоната против Верона, а потоа ќе има прослава на новата титула во Торино.
“Ова е ден кога се слави. Шампионот не напушта, но тој е шампион затоа што остави големи вредности, не само на теренот, туку и надвор од него”, изјави Марота, алудирајки на заминувањето на Џиџи Буфон.
“Тој ќе мора да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Ако одлучи да игра, мислам дека ПСЖ ќе биде во добра позиција да го доведе”, додаде спортскиот директорот на Старата дама.
Тој нагласи дека наскоро може да се продолжи соработката со Масимилијано Алегри.
“Емре Џан? Јас сум оптимист, можете да прочитате од мојата насмевка”, рече Марота, а Џан може да се претстави како нов играч на Јувентус по финалето на Лигата на шампионите.