Connect with us

Фудбал

Марота се одлучи за Конте, Модриќ и Барела

Италијанскиот калчо гигант Интер и официјално го претстави Џузепе Марота, како нов извршен директор на “нероазурите”. Веднаш по официјалната промоција, поранешниот генерален менаџер на Јувентус изјави дека клубот му дава максимална поддршка на актуелниот шеф на стручниот штаб, Лучијано Спалети.

„Нероазурите“ влегоа во серија од неколку лоши резултати, откако пред неколку дена испаднаа од групната фаза на Лигата на шампионите, а своите настапи на европската сцена ќе ги продолжат во Лига Европа.

Во италијанските медиуми се појавија информации дека Спалети би можел да ја загуби својата позиција во Интер, а како можен негов наследник беше посочен Антонио Конте, со кого Марота е во многу добри односи.

  • Спалети е одличен тренер. Тој треба да работи мирно. Клубот го поддржува во секој потег. Не е лесно да ги постигнеш целите кон кои се стреми Интер. Наша должност е да имаме високи цели. Спалети може да работи мирно, бидејќи клубот е зад него, изјави Марота.

Сепак, блиските извори до клубот брифираат дека новиот извршен директот има поставено три цели кои сака да ги исполни до почетокот на новата клупска сезона.

Без разлика на резултатите кои ќе бидат постиганти во следниот период, Марота сака Интер кога-тогаш да биде предводен од Антонио Конте и сака за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер на денешницата, Лука Модриќ и на големиот талент од редовите на Калјари, Николо Барела, кој има 21-година, но веќе е проценет на 50 мил. евра.