Фудбал
Марсело Брозовиќ од 60 милиони евра, дали вреди толку?!
Марсело Брозовиќ е еден од најдобрите играчи на Интер, не само оваа сезона, туку и претходната. Оние кои што добро го познаваат италијанскиот фудбал велат дека е голем потенцијал.
Веројатно такво нешто видел и Јурген Клоп, кој го контактирал агентот на фудбалерот. Засега ништо сериозно, но се распрашувал за можен трансфер.
Марсело Брозовиќ има 27 години, а неговата откупна клаузула е 60 милиони евра, нешто што наводно Ливерпул е подготвен да го плати. Освежување на тимот од Енфилд му е потребно, Марсело може да го донесе тоа, но се поставува прашањето дали вреди толку? Инаку, Интер планира нов договор за Брозовиќ со поголеми примања, и бришење на откупната клаузула, што секако би значело поголема сума за продажба, нешто што може да биде проблем за Ливерпул.