Фудбал
Марсело го вика Нејмар во Реал: Ќе ја донесе најдобрата одлука
Бразилскиот фудбалер Марсело повторно го покани репрезентативниот соиграчот Нејмар да му се придружи на Европскиот шампион, Реал Мадрид.
Нејмар, само една година по приклучувањето на ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра, се повеќе и почесто се поврзува со враќање во Шпанија, но овој пат во Реал.
“Големите играчи треба да играат во Реал, ние сме голем клуб, само такви играчи се бараат, а Нејмар е еден од нив.” “Преселувањето во Мадрид ќе биде најдоброто нешто за него, би сакал да бидеме во исти тим”, изјави Марсело за Шпански „АЅ“.
Нејмар беше повреден во февруари, кога ја заврши сезоната, имаше одлична сезона со 19 гола и без оглед на неговото отсуство беше прогласен за најдобар фудбалер на Француската Лига 1.