Марсело: Ни недостигаше само малку среќа да постигне повеќе голови

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсела по победата (1:0) над  Галатасарај во 3. коло од Лигата на шампионите, истакна дека тимот може да постигне повеќе голови. Според него, играчите се трудеа да дадат се од себе.

– Ние мора да го даваме максимумот на секој натпревар. Денес едноставно бевме должни да победиме, немавме други опции. Ова е тежок противник, особено е тешко да се игра на овој стадион, но успеавме. Се обидовме многу напорно, создадовме шанси. Постигнавме само еден гол, но тоа беше доволно за победа. Мислам дека немавме само малку среќа да постигнеме уште неколку голови. Многу напор, мал ефект, но доволно, изјави Марсело.

-текстот продолжува по рекламата-

За Реал ова беше прва победа по три кола во А-групата, по која се искачи на втората позиција со четири бода. Лидер е ПСЖ со максимални девет бода. Бриж на третото место има два, додека Галатасарај е последен со само еден бод.