Connect with us

Фудбал

Марсијал доби уште една одлична понуда

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Антони Матсијал одлучи ова лето да ги напушти „Црвените ѓаволи“.

Овој 22-годишен Французин не беше во прв план кај Жозе Мурињо во изминатата сезона. Тоа скапо го чинеше бидејќи не доби повик за репрезентацијата на Франција за Светското првенство и Марсијал се одлучи за заминување

Огромен интерес за него покажува Јувентус, но во борбата за неговиот потпис се вклучи и Баерн Минхен.

„Баварците“ бараат замена за Рибери и Робен. Марсијал го гледаат како идеален за нивниот тим и ќе се обидат да го ангажираат уште ова лето.

Каде ќе заврши Французинот на крајот останува да видиме, веројатно после Мундијалот во Русија.