Connect with us

Фудбал

Мартинели тренираше со Барселона, а потоа сфати што се случува: „Не ми кажаа ништо …“

Младиот бразилски напаѓач Габриел Мартинели е вистински откритие оваа сезона во екипата на Арсенал.

Мартинели пристигна во Арсенал на почетокот од оваа сезона од бразилскиот Итуан, со тоа што клубот плати околу седум милиони евра за него. Многумина сметаа дека тоа е неуспех, но овој 18-годишен напаѓач брзо покажа дека грешат.

18-годишниот играч откри дека претходно неколку пати бил на тренинг во Манчестер Јунајтед додека клубот го водел Жозе Мурињо, но не му бил понуден договор на „Олд Трафорд“.

Но, Јунајтед не беше единствениот клуб што направи ваква грешка. Мартинели исто така беше во Барселона на проба, но ниту каталонскиот клуб не го сметаше доволно добар за нив.

Мартинели откри дека поминал две недели во Барселона каде тренирал во Ла Масија и дека е изненаден што тие се откажале од него на тој начин.

„Јас тренирав со Барселона неколку пати. Бев во Ла Масија 15 дена, но ништо не се случи. Тие дури и не ми кажаа ништо и сфатив дека не сакам да бидам овде. Се вратив во Итано и го играв Сао Паоло купот, а потоа дојдов во Арсенал“, рече Мартинели.