Connect with us

Фудбал

Мартинез пречекан како „крал“ – 100.000 луѓе го поздравија најдобриот голман на Мундијалот!

Неколку десетици илјади луѓе синоќа се собраа во Мар дел Плата, на истокот на Аргентина, за да го пречекаат Емилијано Мартинез, голманот на новите светски фудбалски шампиони.

Околу 100.000 луѓе, според локалните медиуми, се собрале на плажата, местото каде што ги следеле натпреварите за време на Светското првенство во Катар во овој приморски град, на околу 420 километри од Буенос Аирес.

Мартинез, прогласен за најдобар голман на Светското првенство, изјави дека е горд што е првиот светски шампион од овој град.

„Не само за мене, туку и за сите деца, малите голмани кои сонуваат да ја освојат четвртата титула“ , изјави овој 30-годишен голман.

Аргентина ја освои третата титула на Светското првенство во Катар, победувајќи ја Франција на пенали, а Мартинез изјави дека не се двоумел да им го одвлече вниманието на изведувачите на пеналите. „За време на пеналите станувам силен и знам дека луѓето ме почитуваат, тоа го знам бидејќи така ми кажаа противничките играчи“, изјави Мартинез. Тој потоа на барање на присутните предизвика овации со орото што го изведе и на Мундијалот по еден од промашените удари на Французите.