Connect with us

Фудбал

Мартинез со два гола го одведе Интер до второто место во Серија А

Интер славеше со 2:1 на гостувањето кај Кремонезе, последниот тим во италијанската Серија А. Двата гола за тимот на Симоне Инзаги ги постигна Лаутаро Мартинез, а Интер дојде до пресврт на мечот во кој домаќинот дојде прв во водство. Интер сега е втор на табелата, со десет бода помалку од лидерот Наполи, кој има натпревар помалку и игра против Рома во недела.

Два бода зад Интер има градскиот ривал Милан, кој исто така има натпревар помалку и ќе го игра на Сан Сиро против Сасуоло. Давид Окерек во 11. минута погоди за Кремонезе, но Мартинез десет минути подоцна го израмни резултатот. Во 65. минута Мартинез погоди за победа по асистенција на Един Џеко.