Фудбал
Маскерано го изедначи рекордот на Занети по бројот на натпревари во репрезентацијата
Хавиер Маскерано го повтори рекордот на Хавиер Занети по бројот на натпревари одиграни за аргентинскиот национален фудбалски тим.
Маскерано ноќеска настапи на пријателскиот натпревар против Хаити (4:0) што за него беше вкупно 143-ти во дресот на „гаучосите“.
Дебито за Аргентина, Маскерано го имаше во 2003 година.
Од активните играчи најблиску до ова остварување е Лионел Меси кој против Хаити го запиша својот 124-ти натпревар за националниот тим.