Connect with us

Фудбал

Маскерано се огласи по обвинението дека заедно со Меси го кроеле составот на Аргентина

Во Аргентинската репрезентација владее многу чудна атмосфера по два очајни натпревари на Светското првенство.

Гаучосите беа на чекор од испаѓање по ремито со Исланд и по поразот од Хрватска, но надешта дека можат понатаму му ја дадоа Нигеријците кои успеале да ги совладаат Исланѓаните. Аргентинските медиуми пишуваат дека владее многу лоша атмосфера во аргентинскиот камп, и не е ни чудо што се блиску до испаѓање.

Пред натпреварот против Нигерија кој е одлучувачки за гаучосите на Светското првенство во Русија, Аргентинските медиумите дополнително ги разгориа страстите со најавата дека Лионел Меси и Хавиер Маскерано го прават составот за овој натпревар. Сепак, покрај се, се огласи Маскерано кој едноставно мораше да го демантира тоа и тој рече дека Хорхе Сампаоли сам одлучува за стартниот состав.

„Односот со селекторот е нормален. Очигледно кога се чувствуваме непријатно за нешто зборуваме со него, бидејќи ако тоа не го направиме ќе бидеме лицемери. Знаеме дека ситуацијата е незгодна. Мораме да бидеме обединети, да ги изразиме нашите мислења и да сториме сé што е можно да влеземе во мечот во најдобра позиција“, -рече Маскерано