Други спортови
Маскирана жена прекина натпревар на Австралија опен поради поддршката за Палестина
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен откако утринава го совлада Британецот Камерон Нори, а овој меч во еден момент беше прекинат. Во минатото често сме виделе необични ситуации кога станува збор за прекини на натпревари на Грен слем турнирите, а најмногу тоа биле протести на различни еколошки организации. Слична ситуација видовме утринава на Австралија опен, каде имаше протест на жена која ги поддржува Палестинците во конфликтот со Израел. Имено, додека Зверев се подготвувал да сервира, една жена одеднаш почнала да фрла флаери на теренот над него.
protestors were throwing papers on the court in the direction of Zverev on MCA pic.twitter.com/K4AHNbCuqo
— Ryan (@Some1NamedRyan) January 22, 2024
На нив стоеше пораката „Слобода за Палестина“, а беа споменати зборовите „воени злосторници“ и „геноцид“. Зверев бил видно изненаден од тоа што го видел, додека Нори по инцидентот отишол на своето столче додека не се смири ситуацијата. Натпреварот продолжи откако се создадоа услови за игра, а на крајот се радуваше Зверев што мина меѓу најдобрите осум тенисери.