Connect with us

Други спортови

Матео Беретин прв финалист на Вимблдон!

Матео Беретини го победи полскиот ривал Хуберт Хуркач во првото полуфинале на Вимблдон и стана првиот италијански тенисер кој стигнал до финалето на овој грен-слем турнир.

Одличниот Италијанец во денешното полуфинале го победи полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 3:1 во сетови 6:4 6:0, 6:7 и 6:4.

Веќе во првиот сет констатно го напаѓаше првиот сервис на противникот и успеа да му одземе два брејк и да дојде до освојување на првиот сет со 6:3.

На патот до финалето, деветтиот тенисер во светот ги победи Пеља, Ван де Зандшулп, Бедене, Ивашка, Оже-Алијасима и сега Хуркач. Тој ќе се бори за титулата со подобриот играч од дуелот Новак Ѓоковиќ – Денис Шаповалов.

Беретини ќе го игра своето прво гренд-слем финале, а тој ќе биде трет италијански тенисер кој се пласираше во финале на грен-слем, а прв кој ќе се бори за титулата на Вимблдон.