Connect with us

Фудбал

Матераци: Со Бенитез не би се ракувал!

Марко Матераци со Рафа Бенитез соработуваше во Интер имаше моменти кога не беше импресиониран со неговите тренерски методи, а за овој шпански стратег зборуваше на лајф преносот на Инстаграм во разговор со некогашниот голман на Интер, Себастијан Фреј.

-Не ми се допаѓа правилото по секој меч да мора да ја стиснете раката на противникот. Го ценам тој кој што нема да го стори тоа бидејќи на пример го нервира. Стискањето рака е во ред кога цените некој, се останато е наметнување. На пример, зошто јас би се ракувал и би му ја стиснал раката на Бенитез?, вели Матераци, за шпанскиот стратег кој го наследи Мурињо на клупата на Интер во сезоната 2011/2012/

Тој имаше само пофални зборови за Жозе Мурињо.

-Жозе беше феноменален, знаеше да држи баланс. На полувремето во финалето на ЛШ против Баерн ни рече-Предобро играме, мораме да бидеме полоши. Фантастичен е, вели Матераци.