Фудбал
Матераци сосема искрено: Шетавме, излегувавме со друштвото, не бидете како нас
Пандемијата на коронавирус ја пустоши Италија. Бројот на загинати се зголемува од ден на ден, а се предвидува дека пандемијата брзо ќе заврши.
Италијанците не ги сфатија сериозно наредбите и сега скапо го плаќаат тоа..
Поранешниот одличен италијански дефанзивец Марко Матараци, исто така, излезе да испрати порака до Србија преку Дејан Станковиќ.
„Здраво Деки, здраво брате, јас го испраќам овој апел до српскиот народ, мислам дека е многу важно затоа што ние Италијанците сме погрешиле, не го сфативме сериозно она што ни го кажуваше владата и сите правеа тоа што го сакаат, некој шеташе, некој излегуваше со друштвото, и тоа е најлошото нешто што можеме да го сториме затоа што овој вирус е исклучително моќен, проклет вирус што ги погодува сите.Ако сакате тој да трае 15 или 20 дена максимум, направете го она што ви е кажано, не правете како што направивме ние, секој од нас го правеше она што го сакаше, а тоа е неизводливо затоа што не успеавме да го лимитираме она што сега ни се случува. Ви посакувам многу среќа и ве молам: Праветего она што ќе ви го кажат и останете дома“, рече Матераци
Ситуацијата во Србија е малку подобра во однос на минатите денови и сите се надеваат дека помина најтешкиот период.