Connect with us

Фудбал

Матијас Погба повторно шокираше со нова објава: „Таканаречените муслимани се длабоко во вештерство“

Пол Погба е во центарот на скандал откако неговиот брат Матијас јавно кажа дека ќе објави многу работи за него.

На многумина не им беше јасно зошто Матијас Погба вчера објави видео во кое најавува дека ќе ги разоткрие својот брат Пол и неговиот менаџер, а објави и одредени работи за Килијан Мбапе.

Сепак, метежот полека почна да се расплетува и сега е јасно дека главната работа во сето ова се парите. Адвокатскиот тим на Погба веќе стапил во контакт со властите и побарал истрага за наводната уцена и изнуда на пари.

Француските медиуми објавија дека Матијас наводно се обидел да изнуди 13 милиони евра од неговиот брат заедно со неговите мафијашки пријатели, а дури и Пол ги пријавил за обид за киднапирање и изнуда.

Матијас и неговите пријатели дури дојдоа на тренинг на Јувентус за да му се закануваат на Пол, а сега полицијата е свесна за се и се обидува да разбере што се случува меѓу браќата Погба.

По сите тие тврдења, Матијас синоќа повторно се огласи на Твитер и рече дека Пол ја лаже полицијата и и дава лажни информации.

„Бидејќи Пол е тој што почна да зборува и да лаже во полиција за сите овие информации, тогаш не можете да ме обвинувате зошто го напишав ова. Пол, навистина сакаше да ме затвориш со твоите лаги и да ме испратиш во затвор. Се сомневав дека може да се случи“, пишува Матијас и продолжува.

„Мојата верзија на приказната е онаа што навистина се случи. Имам доволно докази за луѓето да видат колку лажеш. Пак ќе ти кажам, брат да манипулираш со луѓето не е добро. Не се работи за парите, за малку ќе умрев поради тебе“.

„Кога целата приказна ќе се открие и ќе стане јавна, луѓето ќе видат дека нема поголем кукавица, предавник и лицемер на оваа планета од тебе“.

Матијас повторно се осврна на Мбапе, кој исто така најави дека ќе открие некоја информација. Тој дури објави дека Пол ангажирал едно лице за да му фрли магија на напаѓачот на ПСЖ.

„Немам никакви лоши чувства кон тебе, моите зборови за тебе се добри и сè е вистина. Се обидоа да ти фрлат магија. Таканаречените муслимани се длабоко во вештерство. Никогаш не е добро да имаш предавник (Пол) околу тебе“, рече Матијас.