Фудбал
Матиќ: Ова ни беше потребно
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Немања Матиќ е среќен по вчерашната победа над Њукасл (3:2).
Јунајтед имаше негатива од два гола по само десет минути игра, но во продолжение тимот на Жозе Мурињо стигна до спектакуларен пресврт и голема победа.
„Ова е борба како што ни требаше! Напред Јунајтед“, напиша Матиќ по натпреварот.
И покрај победа, Јунајтед е во големо бодовно заостанување зад тимовите на врвот, затоа што Ливерпул и Сити имаат по 20 бодови, а Јунајтед има само 13 бодови.
Но, сите што ја следат ситуацијата на Олд Трафорт знаат дека ова беше важна победа за Жозе и Јунајтед. Ова може да биде и некоја пресвртница, но времето ќе покаже.