Connect with us

Фудбал

Мбапе: Да, му реков на Нејмар клошар, не ми е проблем да трчам, а Меси да се шета по теренот

Угледниот француски весник „Л’Екип“ направи интервју со Мбапе, ѕвездата на ПСЖ. Прво, во ова интервју Мбапе призна дека го нарекол Нејмар клошар, бидеќи не му се допаднало едно додавање. Но, како што вели, се е во ред меѓу нив.

-Да, го нареков Нејмар клошар, затоа што не бев среќен со неговото додавање. Такви работи постојано се случуваат во фудбалот. Но по ова, разговарав со него и се беше во ред, истакна Мбапе.

Мбапе додаде дека нема проблем да трча и за Меси.

-Кога го имате Меси во тимот знаете дека тој помалку работи во одбрана за подоцна пред голот на противникот да биде поспремен и луциден. Ако морам да трчам назад, ќе трчам. Не ми е проблем. Тоа е хиерархија. Не ми е проблем да трчам додека Меси оди по теренот. Навистина немам проблем со тоа. Во краен случај тоа е Меси, зарем не? Не постои проблем меѓу нас, рече Мбапе.