Фудбал
Мбапе е план “Б”
Откако сфатија дека не можат да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец Неимар, раководните лица на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), своето внимание го насочија кон неговиот партнер од нападот, Килиан Мбапе.

Репрезентативецот на Франција веќе се има закането дека ќе си замине од редовите на ПСЖ доколку клубот биде исфрлен од Лигата на шампиони поради непочитување на Финансискиот фер-плеј. Неофицијално, првиот човек на “кралскиот клуб”, Флорентино Перез е подготвен да одвои околу 200 мил. евра за услугите на Мбапе.