Connect with us

Фудбал

“Мбапе? Ги гледаше моите снимки, сега јас ги гледам неговите”

Белгискиот репрезентативец Еден Азар ја пофали француската ѕвезда Килијан Мбапе пред натпреварот во полуфиналето на Светското првенство.

Мбапе игра навистина импресивен во Русија и ги воодушеви апсолутно сите, а Еден Азар му испрати занимливи зборови.

“Мбапе? Неколкупати разговарав со него по телефон. Призна дека ги гледал моите снимки како дете. Сега јас ги гледам неговите, имам голема почит кон она што го прави толку млад”, рече Азар.

Судирот на Белгија и Франција е секако многу атрактивен. Двете селекции го бараат своето место во финалето и навистина нѐ очекува спектакуларен натпревар.