Connect with us

Фудбал

Мбапе ја фрли бомбата по 1/8 финалето во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ќе потпише договор со Реал Мадрид по одигрувањето на натпреварите меѓу двата тима од 1/8 финалето од Лигата на шампионите напролет, тврди ТВ El Chiringuito.

Мбапе има договор со Париз до летото 2022 година и слободно може да преговара со други клубови, а во Мадрид се убедени дека ништо не може да го спречи привлекувањето на еден од најдобрите млади играчи на планетата.

Двете страни веќе ги договориле сите детали, оставајќи ги само потписите. Мбапе се пресели во ПСЖ Монако во 2017 година.