Connect with us

Фудбал

Мбапе каков што не сме го виделе досега: Седеше и гледаше во далечината (ВИДЕО)

Килијан Мбапе се уште е без голови во 2021 година и неговата форма сигурно можеби го загрижува.

ПСЖ го победи Анже со минимални 0:1 и го зазеде првото место во Лига 1, но Мбапе немаше своја вечер.

Францускиот напаѓач беше заменет во 79. минута откако одигра лош натпревар и пропушти голем број одлични можности.

Камерите го фатија 22-годишникот на клупата откако ја напушти играта. Изгледаше депресивно и како да се прашува што се случува со него.

Лигата на шампионите продолжува за помалку од еден месец и ПСЖ се надева дека Мбапе ќе се врати во препознатлива форма дотогаш.