Поврзи се со нас

Фудбал

Мбапе ќе го пропушти дуелот со ПСЖ

Париз, 3 ноември 2020 (МИА) – Пари Сен-Жермен објави дека на утрешниот натпревар во Лигата на шампионите на гостински терен против Лајпциг нема да игра напаѓачот Килијан Мбапе.

Французинот, кој беше заменет во натпреварот од 9. во Лига 1 со Нант (3:0), доживува повреда на задниот десен бутен мускул.

Мбапе не отпатува за Германија. За два дена неговата состојба ќе биде повторно проценета.

Втората суперѕвезда на ПСЖ, бразилскиот интернационалец Нејмар продолжува да закрепнува од повредата на адукторот и ќе се врати на терените по паузата за репрезентативни натпревари.

Во исто време, во тимот треба да се приклучат играчите од средниот ред Марко Верати и Јулијан Дракслер, како и напаѓачот Мауро Икарди. зс/

 

loading...

Facebook