Фудбал
Мбапе ќе му се довери на соиграчот за „сагата за Погба“
Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека ќе му верува на неговиот француски соиграч Пол Погба во врска со сагата што изби во последните денови меѓу репрезентативецот на Јувентус и неговиот брат.
Матијас Погба откри дека Пол му платил на вуду магионичар да го пцуе Килијан Мбапе. Матијас на својот Твитер профил напиша: „Килијан, дали сега разбираш? Немам ништо против тебе, ова што го кажувам е за твое добро. Сè е точно и потврдено. Жал ми е за овој брат кој себеси се нарекува муслиман, но користи магии“.
Големата ѕвезда на ПСЖ се јавил на својот соиграч за да го добие неговото гледиште за случајот, а информацијата ја потврдија и медиумите во Франција.
Мбапе рече: „Мислам дека тоа нема да го промени нашиот однос со Пол Погба. Од денеска претпочитам да му верувам на зборот на мојот соиграч. Ми се јави и ми ја кажа својата верзија за случајот. Ќе му верувам на Пол, ова е во интерес на репрезентацијата, бидејќи ни претстои и Светско првенство“.