Connect with us

Фудбал

Мбапе можеби веќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е изоставен од тимот на Луис Енрике за натпреварот од 33-тото коло во Лига 1 поради непријатност во тетивата. Вечерва е натпреварот на Азурниот брег.

Француската ѕвезда пред два дена и официјално објави дека на крајот од оваа сезона го напушта ПСЖ. До крајот на првенството, шампионите имаат уште еден натпревар – како гостин на „Мец“ на 19 мај, кој најверојатно ќе го пропушти и новото засилување на „Реал“.

Килијан настапува за парижаните од 2018 година. Во овој период настапи на 306 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 255 голови и 108 асистенции.

Advertisement