Connect with us

Фудбал

Мбапе си одбра маска, ја носеше на тренинг, но нема да смее да ја носи на мечевите на ЕУРО (ВИДЕО)

Килијан Мбапе вчера на тренингот на француската репрезентација се појави со маската која требаше да ја носи на продолжението на Европското првенство, но тоа нема да биде случај. На вчерашниот тренинг тој се појави со маска во боите на француското знаме, но според член 42 од правилникот на УЕФА медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде еднобојна, а маската на Мбапе не е. На натпреварот против Австрија, Мбапе го скрши носот во воздушен дуел со противнички играч и поради тоа мораше да ја напушти играта.

Настапот на Мбапе на дуелот против Холандија вечерва се уште е под знак прашалник, а некои информации од француските медиуми велат дека не е исклучено капитенот на триколорите да го пропушти остатокот од групната фаза.

Advertisement