Тајмаут
Мбапе во врска со атрактивна манекенка, која има две деца со екс играч на ПСЖ (ФОТО)
Одличните настапи на Килијан Мбапе во Катар го привлекуваат вниманието на светската јавност, а исто толку внимание се привлекува и неговиот приватен живот.
Најмногу за тоа со кого е во врска.

Пред извесно време се пишуваше дека имал авантура со трансродова манекенка, а моментално во центарот на вниманието е 28-годишната манекенка Роуз Бертрам, белгиска убавица која наводно го запознала фудбалерот во Париз, каде престојувала за нејзината манекенска кариера, светот пишуваат медиумите.

На Инстаграм ја следат повеќе од 900.000 луѓе, а меѓу нив е и Мбапе кој има повеќе од 77 милиони следбеници на својот Инстаграм.
Сепак, неверојатна случајност е што пред Мбапе, манекенката со години беше во врска со поранешниот играч на ПСЖ, Грегори ван дер Вил.

Тие се запознале кога таа имала само 17 години, токму во времето кога тој играл за парижаните, а од врската со него има две деца.
Нивната љубовна приказна набрзо пукна.