Connect with us

Тајмаут

Ме изневеруваше секој ден и не криеше, убавицата го фатила славниот италијански фудбалер на дело-Ми го уништила новото Порше (ФОТО)

Познатиот италијански фудбалер Кристијан Виери (50) важеше за голем заводник и во играчките денови се забавуваше со голем број жени, додека во 2018 година не се смири со Костанца Карачоло со која има две деца.

Сепак, пред тоа имаше многу врски, а можеби најпозната беше со манекенката Елизабета Каналис. Двајцата се забавуваа додека „Бобо“ беше на врвот на кариерата, но иако беше со една од најубавите жени на светот не можеше да го смири неговиот немирен дух.

Тој беше слаб на жени и постојано ја изневеруваше Елизабета (и другите партнерки), што и самата манекенка го призна пред неколку години.

„Тој е многу весела личност и многу чувствителна на женскиот шарм. Ме изневеруваше цело време, но не знаеше добро да го сокрие тоа“, рекла таа и додала:

Мислам дека секогаш го правеше тоа, или речиси секогаш. Тој доби неколку шлаканици, по што го оставив“.

Самиот фудбалер не крие дека било така, само додава дека платил и со автомобил: “Таа сериозно ме истепа кога ја налутив. Толку ја налутив што ми го уништи новото Порше со клуч”,  изјави Виери, кој не беше единствениот фудбалер со кого беше познатата манекенка.

Реџиналдо (поранешен играч на Фиорентина), вели дека врската со Елизабета му ја уништила кариерата:

„Јас бев само нејзиниот пастув. Елизабета е таа што ме остави и немам проблем да го кажам тоа. Тоа беа интензивни седум месеци кои се дел од мојот живот, изјави Бразилецот, по кого убавицата (46) беше со актерот Џорџ Клуни, пред да се омажи за Брајан Пери во 2014 година. .