Connect with us

Фудбал

Mечот Бугарија-Македонија нема да се игра во Софија?! Дали причина е актуелната напната ситуација помеѓу двете земји

Раководството на Бугарскиот фудбалски сојуз ја разгледува опцијата Бугарија да биде домаќин на Македонија на стадионот Хувефарма Арена во Разград, дознава Sportal.bg. Македонија гостува на нашиот сосед на 2 јуни во првиот натпревар од Лигата на нации, а во групата уште се наоѓаат Грузија и Гибралтар.

-Навистина постои таква опција. Разговаравме со стручниот штаб некои од натпреварите да се играат на различно место од Софија. Една од опциите е да се игра со Македонија во Разград. Сепак, ова се само разговори, во оваа фаза не е донесена конечна одлука, изјави за Sportal.bg техничкиот директор на репрезентациите Георги Иванов-Гонзо.