Други спортови
Медведев пред Дубаи: „Со Новак во полуфинале, освен ако не…
Новак Ѓоковиќ е апсолутен крал на тенисот кој ја започна 378-та недела на врвот на АТП листата. Но, причина за славење има и рускиот тенисер Данил Медведев, кој во претходните две недели освои две титули и тоа на турнирите во Ротердам и Доха.
Оваа недела и двајцата ги очекува турнирот во Дубаи, а двајцата потенцијално можат да се сретнат во финалето на турнирот, односно во полуфиналето.
„Навистина не знам против кого играм таму. Така дојдов од Ротердам во Доха. Воопшто не сакав да знам против кого играм. Нека биде така и за Дубаи. Еве, штотуку ми кажа дека сум во делот на Ноле од ждрепката. Тоа значи дека ќе играме во полуфинале. Се радувам на тоа, секој натпревар против Ѓоковиќ е одличен. Тој, Енди Мари, Рафа Надал… Мечевите со нив се нешто за паметење, тие се легенди на нашиот спорт“, изјави Медведев.
Тој додаде дека секој натпревар против Новак е тежок, но дека се можни изненадувања.
„Доколку сакам да играм против Новак, во тоа полуфинале, ќе имам голем предизвик, бидејќи Новак ретко губи натпревари. Големи се шансите да биде во полуфиналето, освен ако некој не го одигра натпреварот од неговиот живот и го тепа“, заклучи рускиот тенисер.
Ѓоковиќ го прескокнува првото коло во Дубаи, а противник во второто ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Констант Лестјен и Талон Грикспор.