Connect with us

Други спортови

Медведев убедливо славеше во руското финале на АТП Дубаи

Данил Медведев е победник на АТП тенискиот турнир во Дубаи каде за само еден час и осум минути убедливо со 6:2, 6:2 го совлада бранителот на титулата Андреј Рубљев.

Со триумфот во Дубаи, Медведев ја продолжи победничката серија, ова му е трет освоен турнир за три недели, откако го подигна победничкиот пехар во Ротердам и Доха, а во изминатите три недели оствари 14 победи. Сега е на 18 освоени титули од 30 финалиња. За Рубљов ова беше прво финале сезонава и 18-то во кариерата, но остана на 12 титули.