Connect with us

Фудбал

Мегваер почна и своите соиграчи да ги удира, настрада Роналдо (ВИДЕО)

Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед, кој воедно е и најскапиот дефанзивец на светот, многу често трпи критики за неговата игра и она што го покажува на теренот, пред се поради неговите киксови.

Фановите повторно се шегуваат на негова сметка и тоа на мечот со Атлетико Мадрид, на кој Јунајтед на домашен терен доживеа пораз од 0:1, па „Црвените ѓаволи“ го завршија учеството во ЛШ.

Тој при еден корнер го „разнесе“ Кристијано Роналдо со глава.