Други спортови
МекГрегор одеше на својот чуден начин, а потоа ме виде мене
Тони Фергусон на фантастичен начин се врати во УФЦ.
После година дена отсуство поради тешка повреда на коленото во борба Тони со технички нокаут го совлада Антони Петис и дојде до 11. победа во низа.
На некогашниот шампион во лесна категорија сега целта му е пресметувањето за титулата која ја држи Нурмагомедов.
„Не плачев, не се смеев, тоа беше повеќе од се. Не знаете низ што се поминав во овие години“, рече Фергусон, па зборуваше за она што се случуваше на натпреварот Хабиб – Конор.
„Јас сум шампион, бев, сум, а овие двајца будали го упропастуваат спортот. Не ми треба појас за да бидам шампион, сакам да го исчистам овој спорт. Хабиб и јас заслужуваме борба. Тој е шампион, јас сум шампион и време е тоа да го направиме“, истакна Фергусон.
Исто така, тврди дека МекГрегор не сака да се бори со него и дека поприлично се уплашил кога го сретна Тони во соблекувалната.
„Конор не сака да се бори со мене. Го видов во соблекувалната, се движеше на својот чувен начин, а кога го погледнав, се уплаши и престана. Никој не сака со мене да влезе во октагонот, никој не сака да ги осети моите удари. Јас сум поинакво животно од сите“, порача Тони.
Фергусон во кариерата е на сооднос 24-3 и веројатно ќе биде следниот предизвикувач за титулата.