Connect with us

Кошарка

Мемфис со победа над Лејкерс во НБА

Мемфис постигна 14 поени по силната последна четвртина и дојде до победа над Лос Анџелес Лејкерс со 104:99 во натпревар на Националната кошаркарска асоцијација. Џа Морант постигна 41 поен, а Дезмонд Бејн додаде 20 за успехот на Гризлис. Леброн Џејмс беше најкорисен за Лејкерси со 37 поени, 13 скока и рекордни осум тројки, а Расел Вестбрук заврши со трипл-дабл од 16 поени, 10 скока и 12 асистенции. Победата е трета по ред за Мемфис, а тимот е четврти во Западната конференција со 22 победи и 14 порази.

Феникс ја совлада Оклахома Сити со 115-97. Санс во игра влегоа по два последователни порази, но со победата над Оклахома се вратија на победата и го делат првото место во регуларниот дел со Голден Стејт. Девин Букер заврши со 38 поени и ја мина границата од 10.000 поени во кариерата. За Оклахома брилјираше Тај Џером со рекордни 24 поени во кариерата.

Лос Анџелес Клиперс го победи Бостон со 91-82. Ерик Бледсо постигна 10 од своите 17 поени во четвртото полувреме, вклучувајќи ги и клучните три за успехот на Клиперс. Маркус Морис заврши со дабл-дабл – 23 поени и 10 скока за тимот на ЛА. Кај Бостон најдобар стрелец беше Џејлан Браун со 30 поени.

Јута ја постигна петтата последователна победа во НБА лигата по 120:105 над Портланд. Руди Роберт беше лидер на Џез со 22 поени и 14 скока во отсуство на повредената ѕвезда Донован Мичел. Демиен Лилард и Норман Пауел завршија со по 32 поени за Портланд, во чии редови втор последователен натпревар недостасуваа седум играчи поради КОВИД-19.