Фудбал
Менаџерот на Арсенал: Донесете ми засилување што е можно побрзо
Менаџерот на лидерот во Премиер лигата, Арсенал, Микел Артета, побара од раководството на клубот „што е можно побрзо“ засилување за да ги задржи „топчиите“ во конкуренција за титулата во лигата. Арсенал остана без важниот бразилски напаѓач Габриел Жесус, кој се повреди за време на Светското првенство во Катар. Бразилецот го повреди коленото и ќе отсуствува најмалку три месеци.
„Знаевме колку е важно да добиеме играчи на почетокот на летото и тоа е истото што сакаме да го направиме во јануари. Не ни треба снага, ни требаат играчи кои го прават тимот подобар. Мислам дека тие личности имаат и победнички менталитет“, изјави Артета за англиските медиуми. Последните денови се пишуваше дека Арсенал преговара со 21-годишниот крилен напаѓач на украинскиот Шахтјор Михаил Мудрик, но и со уште неколку играчи.
Арсенал моментално е прв на табелата со 37 бодови, пет повеќе од Манчестер Сити, додека третопласираниот Њукасл Јунајтед заостанува седум бода.