Фудбал
Менаџерот на Далиќ откри кој клуб му нудеше 30 милиони евра за три сезони
Пред неколку дена во медиумите се појави информација дека селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, одби неверојатна понуда од Кина.
Далиќ по историскиот успех на Мундијалот одлучи да остане на клупата на Хрватска иако призна дека првобитно сакаше да замине и да побара нов предизвик. Сепак, од Далиќ клубовите уште не се откажуваат, а хрватскиот стручњак пред неколку денови изјави дека одби договор на три години вреден 30 милиони евра.
Голем интерес за Далиќ покажаа неколку кинески клубови, а еден од нив пробал нешто да направи. Имено, Далиќ на маса имаше три годишен договор според кој годишно би инкасирал неверојатни десет милиони евра.
Многумина ги интересираше за кој клуб се работи, но Далиќ не сакаше да открие детали. Меќутоа, неговиот менаџер во изјава за тамошните медиуми потврди дека Тианжин Куанжиан е клубот кој му понуди на селекторот на Хрватска договор кој се добива еднаш во животот.
„Вистина е дека ја имав таа понуда. Кинезите доаѓаа дури до Хрватска и ги „здебелија“ цифрите, но им кажав дека фокусот ми е на репрезентацијата и не е се во парите“, порача Далиќ пред неколку дена.