Фудбал
Менаџерското столче за Хазенхитл
Поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Хазенхитл прифатил да биде именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Саутемптон, кој пред неколку дена ја прекина соработката со Марк Хјуз.
Според „Скај Спортс“, Австриецот разговарал со претседателот на „светците“, Ралф Кругер и фудбалскиот директор Рос Вилсон, кои го убедиле во потенцијалот на тимот, и покрај проблемите од почетокот на сезоната.
Хазенхитл се смета за еден од најветувачките стратези, а се очекува да замине за Островот и неговото назначување на функцијата наскоро и официјално да биде објавено.