Connect with us

Фудбал

Мертенс: Елмас е силен фудбалер, но не смее да заспива!

Елиф Елмас го постигна победничкиот гол во победата на Наполи во дербито со Милан од 1:0. Сите имаат пофални зборови за него, од тренерот па се до неговите соиграчи. Последен кој се огласи е најдобриот стрелец во историјата на Наполи, Дрес Мертенс.

-Му верувам на Елмас, тој е силен фудбалер, ама понекогаш морам да го разбудам. Тој не смее да заспива, мора да е постојано буден. Оваа година јас тоа го правам и добро ни оди, плус шефот има доверба во него. Тука се и Кулибали и Инсиње, кои се грижат за доброто на Наполи, кажа Мертенс.