Други спортови
Мерцедес и Хамилтон преговараат за нов договор
Луис Хамилтон веќе ги започнал преговорите за нова соработка со Мерцедес. Британскиот возач минатата година потпиша едногодишна соработка, но повеќе пати кажа дека не планира наскоро да ја заврши кариерата.
„Нема многу детали кои треба да се откријат, но имавме преговори и засега тие се движат во позитивна насока“, кажа Хамилтон пред следната трка во Ф1.
Хамилтон и Мерцедес потпишаа едногодишен договор дури во февруари, вреден 40 милиони фунти, па сега Британецот сака многу порано да биде сигурен за својата иднина, а нема сомнение дека сака да продолжи да вози за германскиот автомобилски гигант.