Фудбал
Меси: Аргентина не е фаворит за титулата светски шампион
Лионел Меси, репрезентативен играч на Аргентина и ѕвезда на Барселона, најдобриот фудбалер на денешницата и освојувачот на рекордни пет Златни копачки, рече дека “Аргентина не е меѓу фаворитите за освојување на титулата светски шампион.
“Имаме импресивни играчи. Сите ние сонуваме да станеме светски прваци, како и комплетната нација. Но, Аргентина не е меѓу кандидатите и фаворитите за освојување на титулата во Русија бидејќи имавме тешко патување низ квалификациите. Сепак на светските првенства се случуваат чуда”, рече Меси.
Аргентините на Мундијалот ќе бидат во групата “Д”, каде што за свои противници ќе ги имаат Хрватска, Исланд и Нигерија.