Фудбал
Меси донесе одлука! Дали останува во Барселона?
На 34 годишниот фудбалер договорот му истекува последниот ден од овој месец.
Меси во следните неколку дена ќе стави потпис на новиот договор со кој ќе се обврзе со каталонскиот клуб до летото 2023 година.
Напаѓачот за новиот договор ќе добие 35 милиони евра по сезона, а по истекот на договорот би требало да оди во американската МЛС лига, а потоа да се врати во Барселона и да добие некоја од фукнциите во каталонскиот клуб.
Пред една година Меси јавно порада да му биде дозволено да си замине од Барселона како слободен фудбалер, но тогашниот претседател, Жозеп Марија Бартомеу го одби неговото барање со образложение дека е се уште под договор и дека може да си замине само доколку биде активирана ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 600 мил. евра.
Желбата да си замине од „Ноу Камп“ падна во втор план отккао неговиот голем пријател, Жоан Лапорта, повторно седна во претседателската фотеља и откако Барса ги осигура услугите на неговиот репрезентативен колега, Серхио Агуеро.