Фудбал
Меси е загубен во ПСЖ бидејќи не знаат како да го користат
Меси успеа да постигне само еден гол досега оваа сезона, и јасно е дека му треба уште време да се навикне на својот нов тим.
За ова зборуваше и германскиот стручњак Бернд Шустер, кој рече дека најголем проблем е што Маурисио Покетино се уште не знае како да го искористи Меси на вистински начин.
-Барселона ја напушти фудбалер кој ги напиша најсветлите страници во клупската историја и отиде во тим што не игра за него. Лео Меси ми изгледа изгубен во ПСЖ. Тие се уште не знаат како да го искористат, рече Шустер.
Меси досега одигра пет натпревари во дресот на тимот од Париз оваа сезона и постигна еден гол.