Connect with us

Фудбал

Меси ефект-Барселона без Аргентинецот е просечен клуб?!

Поразот на Барселона од Баерн (3:0) заедно со победата на Бенфика над Динамо (2:0) значеше и испаѓање од Лигата на шампионите. Каталонците ќе мора да се задоволат со Европската лига, второто најсилно европско клупско натпреварување.

Она што е интересно е дека Лионел Меси за време на неговиот 17-годишен престој во Барселона никогаш не играше во Лига Европа. Каталонскиот гигант последен пат играше во Лигата на Европа во сезоната 2003/04, кога тренер беше Рајнкард, а Меси дебитираше за Каталонците сезоната 2004/05.

Меси ефект, би рекол некој.

“Меси со години го носеше потонатиот Титаник на грб, а пред две години за малку ќе ја освоеше триплета. Неверојатно. Барселона без Меси оди во Лигата на Европа, додека Јувентус без Роналдо заврши на првото место во групата пред актуелниот европски првак”, изјави Рафаел Ернандез, шпански новинар, по синоќешниот натпревар.

Да потсетиме, Меси четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите со Барселона, а последен пат во 2015 година.

Оваа сезона Аргентинецот се пласираше во осминафиналето со ПСЖ како второпласирана екипа во групата А со 11 бодови, бод помалку од првопласираниот Манчестер Сити.