Connect with us

Фудбал

Меси експресно отпатува во Мадрид

Напаѓачот на ПСЖ излезе на полувремето од првенствениот натпревар против Лил и го пропушти дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите во средата. Аргентинецот вчера попладне беше во Мадрид на лекарски прегледи поради проблеми со тетивата на левата нога.

Меси се мачи со повреда од 2 септември, а конечно беше на прегледи во престижна регенеративна клиника. Тоа е рутинска консултација со лекарите и биостимулациски третман.

Меси летово замина и во споменатиот клинички центар Мадрид, пред да потпише за ПСЖ.

Оваа регенеративна клиника им е добро позната на играчите на ПСЖ, бидејќи и Нејмар долго време се лекува таму. Неколку играчи од шпанската Ла Лига и АЦБ кошаркарската лига го имаа истиот третман како Меси во овој центар.

По посетата на регенеративната клиника, Меси се врати во Париз и останува да се види дали ќе игра на првенствен натпревар против Бордо, а се надева дека ќе и биде на располагање на Аргентина во ноември во квалификациите за СП 2022 во Катар.