Фудбал
Меси ги откри фаворитите за освојување на Мундијалот во Русија
До почетокот на Светското првенство во Русија, има уште помалку од две недели, а репрезентациите со полна пареа се подготвуваат за најдобри резултати на Светското првенство.
Многу работи се очекуваат од Мундијал во Русија, особено кога станува збор за изборот на Аргентина и Лионел Меси. Гаучоси се надева дека Меси конечно ќе достигне до титулата Светски шампион, но јасно е дека конкуренцијата никогаш не била посилна.
Меси во интервју за локалните медиуми откри дека не можат да го дочекаат почетокот на Светското првенство, и дека неговиот тим е подготвен да го даде максимумот во Русија. Исто така, аргентинскиот капетан откри кои се неговите фаворити, односно за кој мисли дека имаат најголеми шанси за на крајот да дојдат до златниот медал.
“Големите фудбалски нации се секогаш главните фаворити на Светското првенство. Мојот сон уште е ист, а тоа е да се биде во финалето и подигнување на трофејот на крајот. Тоа сигурно ќе биде тешко кога ќе видиме каква е конкуренцијата. Се разбира, Германија ќе даде максимум да ја одбрани титулата, според мене меѓу фаворитите се: Бразил, Франција, Шпанија и Португалија. Ние можеби не сме кандидати, но сите ние имаме ист сон, а ние веруваме дека можеме да го оствариме ова лето “, изјави Меси.