Connect with us

Тајмаут

Меси и Антонела танцуваа во ритамот на посебна песна, се беше зачинето со бакнеж (ВИДЕО)

Лионел Меси (34) се врати во Аргентина во четвртокот.

Меси направи пауза како речиси сите фудбалски ѕвезди со исклучок на играчите на англискиот премиершип, па се врати дома да ги прослави Божиќ и Нова Година со семејството и пријателите.

На Бадник аргентинската суперѕвезда приреди мала забава, а вечерта танцуваше со гостите во латино ритам.

Неговата сопруга Антонела Рокузо (33 години) на својот Инстаграм профил објави стори на кое танцува со своето момче, а во позадина се слуша текстот „Јас и ти сме создадени еден за друг“.

Песната им припаѓа на Мигрантес и Алис и носи наслов „Si me tomo una cerveza“.

Напаѓачот на ПСЖ летово ја напушти Барселона и немаше добар почеток во Лига 1, постигнувајќи само два гола, но во Лигата на шампионите беше далеку повеќе инспириран.

Иако многумина не го гледаат како најдобар во последната година, тој сепак ја освои седмата Златна топка на неодамнешното доделување во Париз од страна на Франс Фудбал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)